Почитувани вие користете постара верзија на Internet Explorer! За да имате целосно искуство во страната ве молиме надоградите во понова верзија или користете некој друг пребарувач.
Ви Благодариме

ЗА НАС

Кои сме ние и зошто ние :


Компанијата Ухост функционира од 2006 година во ИТ индустријата како веб хостинг провајдер и регистрар на домени. Во нашето повеќе од 17 годишно искуство нудиме огромен опсег на веб услуги почнувајќи од најмали проекти па се до комплексни веб апликации и нивно хостирање. Од формирањето, па до денес горди сме што имаме доста голем број на повеќегодишни задоволни, сериозни клиенти кои ни го довериле нивниот бизнис и не одбрале нас како домаќини на нивните сајтови и како нивни ИТ партнери/соработници.

Можеме да се пофалиме со тим на креативни и искусни млади лица, кои инспирирани од брзиот развој на ИТ сферата секојдневно се усовршуваме и применуваме нови техники и технологии во работењето базирани на светски стандарди, нудиме најстабилни, професионални решенија за вас со што се издвојуваме од останатите.

Нашата мисија како тим е да ви обезбедиме неспоредлива веб-хостинг услуга и искуство за поддршка. Фокусирани сме на обезбедување на најсоодветни, квалитетни решенија приспособени пред се според потребите и барањата на крајните корисници. Внимателно ги проучуваме и разгледуваме барањата на клиентите и даваме наше стручно мислење, активно учествуваме во нацрт проект па се до крајна реализација или до задоволен клиент.

Искуството кое го имаме стекнато во нашето работење е резултат на огромната база од реализирани проекти кои ги имаме во нашето портфолио почнувајќи од најмали проекти па се до комплексни веб решенија. Со применувањето на најсовремените технологии реализираме проекти со кои вие би се истакнале од вашата конкуренција и би биле чекор пред нив.

Практикуваме посветен, професионален пристап кон нашите клиенти, пријателски однос изграден врз база на посветеност, одличната поддршка и одговорна професионална услуга за корисниците 24/7.

Од самиот почеток на нашето работење паралелно со грижата да обезбедиме за нашите клиенти највисок квалитет и безбедност се трудиме да се усогласиме со меѓународните стандарди на работење и се здобивме со признание за квалитетот во работата според следниве стандарди:
ISO 9001:2015 систем за управување со квалитет,
ISO 20000-1:2018 систем за управување со информатичките услуги

УСЛУГИ: Нашата понуда почнува од хостирање на мали веб сајтови па се до напредни веб апликации кои бараат стручност, посветеност и ажурност. Понудата подразбира хостирање на моќни сервери, конфигурирани според најновите светски достигнувања со супер моќни тестирани хардверски компоненти, оптимизирани, и секогаш инсталирани со најнови стабилни верзии на софтвер.

Огромен избор на веб хостинг пакети, реселер, ВПС, дедицирани сервери и SSL сертификати, сите дизајнирани според потребите и барањата на клиентите а сепак по ниска и прифатлива цена.

Комплетна онлине регистрација и инстант активација како за .мк домените, кириличниот .мкд домен така и за интернационалните домени со вклучени бесплатни додатоци како DNS хостирање и сл...

Изработка на комплетни веб решенија, тргнувајќи од едноставни веб сајтови па се до комплексни веб проекти/апликации изработени според најновите и најмодерните светски докажаните стандарди.