Почитувани вие користете постара верзија на Internet Explorer! За да имате целосно искуство во страната ве молиме надоградите во понова верзија или користете некој друг пребарувач.
Ви Благодариме

УСЛОВИ

Ве молиме внимателно прочитајте ги условите за користење. Со користење на нашите услуги признавате дека сте ги прочитале, разбрале и се согласувате со сите услови и правила наведени подоле, тие ги истакнуваат вашите права, обврски и ограничувања.

1. Приватност - УХост ТИМ КОРПОРЕЈШН ДООЕЛ Кавадарци ги собира личните податоци за своите корисници во согласност со Законот за заштита на лични податоци и останатите важечки регулативи во РМ. Вашите лични податоци се строго доверливи, истите нема да бидат неовластено заменети, злоупотребени или дадени на трети лица. Единствен случај на пренос на личните податоци на корисниците на УХост на трети лица е при непочитување на законските одредби и при исполнување на барањата на надлежните институции (адвокат, нотар, суд, извршител и др.) и во постапки утврдени со закон.

Вработените на Ухост, се обврзани да ги чуваат и да се однесуваат со личните податоци на своите корисници како кон информации со доверлива природа.
Податоците за регистрантот како за македонските така и за интернационалните домени се јавни. Податоците на регистрантите за .mk и .мкд домените се јавни и се објавени на официјалната страна на Марнет http://whois.marnet.mk .

2. Сигурност на податоците - УХост ТИМ КОРПОРЕЈШН ДООЕЛ ги превзема сите пропишани организациски, административни, технички и физички мерки за заштита на личните податоци се со цел да се спречи загуба, кражба, злоупотреба на личните податоци. УХост може да изврши промена на полисата за приватност.

3. Валидни информации – При нарачка на нашите услуги должни сте да доставете валидни, точни податоци за вас. Доколку дојде до промена на податоците кои се евидентирани кај нас, вие обврзани сте да не известете за настанатата промена или истите сами да ги променете во вашиот кориснички акаунт/област за клиенти. Валидните податоци се од голема важност за да се избегне злоупотреба на вашиот кориснички акаунт од страна на трети лица. Сите барани промени се процесираат од страна на Ухост по пристигнато барање за промена и истото потребно е да се испрати на маил од официјалната e-mail адреса која е заведена како e-mail за контакт. Доколку лицето нема пристап до e-mail адресата која е наведена за контакт може истата да ја промени во областа за клиенти или да ни достави доказ со кој ќе се потврди неговиот идендитет.
Доколку при нарачката имате внесено назив и седиште на компанијата во тој случај нарачаните услуги се водат на компанијата додека лицето кое е наведено е само лице за контакт. Во овој случај компанијата го има правото на сопственост на нарачаната услуга и правото на промена на лицето за контакт.

4. Тест период - УХост на сите заинтересирани потенцијални клиенти може да им обезбеди тест период за shared, reseller, стриминг и ВПС сервер (во зависност од локацијата на серверот). Тест периодот е во времетраење од 7 дена и истиот може да се пролонгира доколку клиентот има барање за пролонгирање и реални причини за потребата од подолг тест период.

5. Нарачки и нов акаунтИзвестување за успешно завршената нарачка по систематизиран пат се испраќа на e-mail адресата која е наведена како e-mail за контакт. По добивањето статус наш клиент ви испраќаме инструкции за користење на услугите како и корисничко име и лозинка кои треба да ги чувате доверливо и кои не треба да ги споделувате со трети лица за да не дојде до злоупотреба на услугата. Доколку повеќе лица имаат пристап до хостинг акаунт за одговорен ќе се смета она лице кое е заведено како лице за контакт. Доколку забележете сомнителни активности поврзани со вашиот акаунтот потребно е веднаш да не известете по e-mail на нашата маил адреса: support@uhost.mk

6. Содржина и обврски на клиентот – УХост се согласува да прифати порнографска содржина доколку се во согласност на законските норми, содржините да не содржат материјали од лица помлади од осумнаесет (18) години, порнографските содржини да бидат наменети за лица постари од осумнаесет (18) години. Клиентите пред објавување на порнографскиот материјал должни се да го проверат изворот како и податоците за истиот. Како клиент на УХост се обврзувате дека нема да објавувате нелегална содржина, расистички, насилни, злобни и непристојни содржини како и навреда на одредена религија, терористичка содржина, класифицирани доверливи информации и документи ( согласно Законот за класифицирани информации на РМ ), сродни веб сајтови на терористичка мрежа, содржина која ги нарушува авторските права. . Се обврзувате при поставување на податоци на серверите на Ухост во обзир да ги земете законите на РМ: локалните, државните и интернационалните закони и истите да ги почитувате како и Законот за Класифицирани информации. Доколку податоците/содржините на вашиот хостинг акаунт се спротивни и не го почитуваат Законот на РМ вие сами ја сносите одговорноста за настанатата ситуација. Се согласувате дека нема да ги користите услугите за складирање или дистрибуција на злонамерни кодови, скрипти или друг вид на софтвер кој може да доведе до создавање на софтверски или хардверск грешки, намалување на брзината на работење на серверот, или на било каков начин да ја загрози сигурноста на серверите на УХост. При затекнување на некоја од горенаведените содржина клиентот се обврзува истата да ја отстрани во најбрз временски период, доколку таквата содржина не ја отстрани во дадениот временски период УХост го задржува правото да го деактивира или избрише акаунтот без претходно известувања. Вие во никој случај нема да го сметате УХост за одговорен за настанатата ситуација.

7. Безбедност и заштита на серверите - УХост се грижи за максимална заштита и безбедност на серверот но не и за заштита на сајтовите кои се хостираат на него. Клиентот е должен сам да го оддржава и надоградува сајтот со понови верзии на софтвер врз кој е базиран самиот сајт . Во случај на хакерски напад на самиот сајт клиентот е должен сам да го реши и отстрани проблемот. Ухост може но не е должен да го реши и отстрани проблемот на сајт што е предизвикан од страна на трети лица. Ухост не нуди заштита од DDOS напади со што во случај на прекинн на сервисите поради DDOS напад УХост не се смета за одговорен. Во случај DDOS нападот да биде насочен кон одреден корисник УХост има право истиот корисник да го одстрани од сопствените сервери без претходна најава.

8. Backup и заштита на податоци - Ухост користи посебни Backup сервери на кои се креираат автоматски неделни и месечни верзии на податоците од веб хостинг акаунтите и реселлер акаунтите. Во случај на хакирање на сајтот, проблем со malware, ненамерно бришење или проблем од хардверска може по барање на клиентот да се обезбеди враќање на податоците од backup серверот или да се достави линк клиентот да преземи бекап од своите податоци, со оглед дека се работи за автоматски систем за бекап УХост неможе да гарантира за содржината на вратените податоци и нивната исправност. Строго задолжително им препорачуваме на клиентите сами да си генерираат и превземаат локално backup од своите податоци. Секој клиент на хостинг акаунт и реселлер акаунт има можност преку контролниот панел во секое време да генерира и преземи комплетен бекап од своите податоци. УХост не генерира автоматски бекап од ВПС и Дедицираните сервери доколку истото не е постигнато со посебен договор.

9. Враќање на податоци од Backup сервер - Доколку хостинг акаунтот е деактивиран поради неплатена сметка и клиентот сака да ги превземе податоците УХост ја нуди таа опција. По истекот на уплатениот период податоците се чуваат на сервер 7 дена. Доколку во првите 3 дена клиентот побара превземања на податоците и трансфер на друг сервер не на серверите на Ухост истиот е должен да плати 1000 ден +18% ДДВ, додека клиентот побара превземање на податоците и истите да останат хостирани на некој од серверите на Ухост должен е клиентот да плати 500 ден +18% ДДВ. Податоците се доделуваат по забележаната уплата. По истекот на 3 –тиот ден доколку клиентот побара превземање на податоците услугата чини 1500ден +18% ДДВ без разлика дали податоците се трансферираат на друг сервер или остануваат на серрверите на Ухост. Ухост не гарантира за состојбата на податоците исто уплатените средства не се рефундираат.

10. Виши сили - Под виша сила се подразбира настан независен од волјата на договорените страни, чие настапување не можело да се спречи или предвиди и поради кое исполнувањето на обврските станало отежнато или невозможно.(природни или општествени настани/катастрофи, акти на јавната власт. Во случај на виши сили, хаварија ( пожар, поплави, терористички напади итн...) каде последиците се губење на податоци хостирани на серверите на Ухост, Ухост не одговара за губењето на податоците хостирани на тие сервери. Поради тоа строго се препорачува самите клиенти да си прават backup на своите податоци.

11. Хардверски проблем - Во случај на хардверски дефект/проблем со ( RAM, CPU, HDD) на серверите каде се хостирани податоците, Ухост се обврзува во периодот од 1 до 7 работни денови да го отстрани дефектниот дел и замени со нов исправен. Доколку се увиде дека проблемот е лоциран во хардискот, истиот се заменува и се враќаат податоците за кои имаме backup кој е генериран по автоматизиран пат но ние не гарантираме за податоците и нивната исправност вратени од backup серверот.

12. Заштита на податоци – УХост користи RAID 10 заштита на податоци на Linux хостинг платформата, ( shared, reseller и ВПС). На сите останти сервери се користи минимално RAID1 заштита. УХост прави дополнително offline неделен backup како дополнителна заштита доколку дојде до губење на податоците. Но сепак УХост НЕ Е одговорен за изгубените податоци, поради погрешен backup или пак доколку воопшто не сте направиле backup на вашиот сајт.

13. Преоптеретувања - Секој веб сајт троши ресурси како што се процесор, меморија, мрежни ресурси. Доколку вашиот сајт е хостиран на shared или reseller хостинг план тогаш ние не толелираме злоупотреба, надминување односно оптеретување на ресурсите на серверот од страна на еден акаунт во однос на останатите акаунти на истиот сервер. Ресурсите на еден хостинг или reseller сервер мора да бидат распоредени за сите корисници еднакво, така што се ограничува користењето на процесорот и рам меморијата. Прекумерното користење на процесорот и меморијата на еден или повеќе корисници доведува до екстремно забавување на Apache, MySQL, E-mail, HTTP и др... Доколку дојде до оптеретување на серверот од страна на еден акаунт истиот акаунт може да биде деактивиран без претходно известување. Нашиот технички тим може но не е обврзан да помогне во одстранување на проблемот со сајтот кој го оптеретува серверот. Доколку сепак одреден акаунт има потреба од повеќе ресурси како што се рам и процесор тогаш неопходно е да се надогради до ВПС или Дедициран сервер односно до пакет кој нуди гарантирани ресурси на рам и процесор. Ограничувања:

• Еден хостинг акаунт несмее да надминува искористување на рам меморијата повеќе од 7%
• Не се дозволува надминување на оптеретеноста на процесорот над 10% по хостинг акаунт
• Apache конекциите се лимитирани на максимални 30 конекции во секунда
• 15 MySQL конекции е дозволениот максимум
• Поради заштита од спамирање поставен е лимит од максимален број на 250 испратени е-маил пораки во рок од еден час

Овие ограничувања НЕ ВАЖАТ за ВПС и ДЕДИЦИРАНИТЕ серверите! Дополнително постојат и останати исклучоци од овие правила!

14. Надминувања - Хостинг пакети се креирани така да имаат доволни ресурси и да одговараат на потребите и барањата на клиентите. Сепак може да се случи да дојде до целосно искористување на веб просторот или месечниот сообраќај согласно вашиот пакет. Кога искористувањето на веб просторот или месечниот сообраќај е поголемо од 80% на маил ќе добиете известување за искористеноста. Доколку целосно го искористете дозволениот веб простор или месечен сообраќај УХост може да го суспендира вашиот акаунт. Доколку го искористете целосно вашиот месечен сообраќај пред истекот на тековниот месец вашиот сајт ќе биде недостаен до 01 наредниот месец кога мерачот за сообраќај ќе се ресетира. За Дедицираните сервери по надминување на месечниот сообраќај се доплаќа дополнително за секој потрошен 1GB на сообраќај. Цената за доплата е во зависност од локацијата каде е поставен дедицираниот сервер. Корисникот е должен навреме да се информирам за цената на надминатите GB сообрќај за дедицираните сервери.

15. Спам - УХост забранува секаков вид на спамирање, испраќање голем број на несакaни е-маил пораки. Строго забрануваме испраќање на е-маил пораки кои содржат расистичка, криминалистичка, терористичка, напаѓачка и навредлива содржина. Доколку се забележи спамирање истиот акаунт веднаш ќе биде деактивиран без претходно известување и без рефундирање на уплатените средства.

16. Процес на регистрација на домени: Доменот кој сакате да го регистрираме е слободен потребно е да се генерира online нарачка за регистрација кај нас на сајт, при нарачката задолжително мора да внесете валидни податоци за вас.
- Домените се активираат по забележаната уплата.

Регистрација на македонски .mk домен и кириличниот .мкд:
При регистрацијата на .mk или .мкд доменот потребно е да се обрне посебно внимание на податоците кои се внесуваат.
По регистрацијата доменот е во сопственост на лицето кое ја има направено нарачката, односно кои податоци ги внесил при самата регистрација. Доколку физичко лице ја има направено нарачката како сопственик на доменот се јавува самото лице односно податоците кои ги има внесено. Доколку при регистрацијата внесете Компанија тогаш сопственик на доменот е самата компанија додека лицето внесено е само лице за контакт но не и сопственик на доменот.
- Доколку не внесете валидни информации во иднина нема да може да се изврши било каква промена за информациите за доменот ( во иднина за било која промена ќе биде потребно да ни се достави писмен документ, со кој мора да се утврди идентитетот на моменталниот регистрант )
- Нема да може да се префрли сопственоста на доменот ( за проман на регистрант на доменот ќе мора да се достави писмено барање дополнително потребна е и идентификација на лицето кое моментално е регистрант/сопственик на доменот )
- Доменот нема да може да го продаде од причина што и со продажбата се случува промена на сопственост на доменот.
- Доколку утврдеме дека внесените податоци се неточни домнеот ќе биде деактивиран/избришан од страна на регистрарот на Марнет без можност за враќање на уплатените средства.


Називот на доменот мора да биде во согласност со постојните правни прописи, како и со општите етички морални начела, т.е не смее да биде увредлив за трети лица. Доменот не смее да биде ист со заштитно име, бренд, трговска марка и сл., освен ако клиентот што го регистрира доменот е сопственик на заштитниот бренд, трговска марка и сл., Доменот не смее да содржи називи за кои според прописи во РМ е потребно одобрение од надлежен орган за употреба на тие имиња, освен во случаите кога тоа име е содржано во регистрираниот назив на фирмата на клиентот ( доколку е правно лице ) на доменот, односно клиентот. Во случај кога доаѓа до спор помеѓу трето лице и корисникот на доменот Ухост не сноси одговорност, може да помогне или ги упатува клиентите кон решавање на спорот. Доколку доменот кој клиентот го нарачува при проверката на сајтот на УХост се покажува како слободен а истиот не е слободен кај Македонскиот регистратор, Ухост не се смета за одговорен и е должен да го извести клиентот за моменталната состојба. Клиентот може да побара регистрација на друг домен или рефундирање на уплатените средства. Клиентот е должен доменот да го обнови пред истекот на датумот. По истекот на уплатениот период доменот може да биде исклучен без претходно известување и слободен за регистрација за други лица. Доколку се случат технички проблеми со Македонскиот регистратор и дојде до нефункционирање на домените или забавена актицавија Ухост нема да се смета за одговорен.

17. Уплата и активирање на shared и reseller пакетите - Акаунтите за shared и reseller се активираат веднаш по успешно завршената нарачката, сите потребни информации за користењето на акаунтот се доставуваат на e-mail наведена како e-mail за контакт. Лицето кое ја направило нарачката должно е за истата да уплати во рок од 3 (три) работни дена. Доколку во овој рок не е забележана уплата истата нарачка ќе биде деактивирана/откажана без разлика дали на акаунтот клиентот има податоци.

18. Уплата за VPS, Dedicated Servers, Лиценци, Менаџмент и нивно сетирање - Уплата за VPS, Dedicated Servers, Лиценци, Менаџмент и нивно сетирање - Лиценците за софтвер, Виртуелните Сервери, Дедицирани Сервери се активираат исклучиво по забележаната уплата. Активацијата на горенаведените услуги е различна. Инсталацијата на софтверот како и сетирањето на ВПС серверите започнува по забележаната уплата ( доколку клиентот има менаџмент од Ухост ) трае од 6 до 36 часа во зависност од софтверот кој се инсталира. Доколку клиентот нема менаџмент од УХост тој е должен сам да го конфигурира серверот во зависност од неговите потреби. Ухост обезбедува само root пристап и може да реши проблеми исклучуво поврзани со хардвер и мрежа или проблем со оперативнот систем. За проблеми од софтверска природа клиентот истите ги решава сам. При нарачката клиентот сам одлучува кои услуги ќе ги користи/нарача.

19. Полиса за рефундирање - Проблеми поврзани со хостинг акаунтот или серверот клиентот е должен да ги пријави до техничкиот оддел на УХост. Во рок од 7 по активирањето на нарачката доколку клиентот забележи проблеми со хостинг акаунтот должен е за истиот да го извести техничкиот оддел на УХост на маил адресата support@uhost.mk. Доколку во рок од 48 часа проблемот не биде решен од страна на УХост истиот клиент има можност да побара рефундирање на уплатените средства. Можноста за рефундирање се однесува за Shared, Reseller и VPS услугите ( во зависност од локацијата ). Додека оваа полиса не важи за клиентите кои имаат нарачано Дедициран Сервер, еднократен надомест за сетирање за Дедицираните Сервери, Лиценци за софтвер, регистација на домени.

20. Обнова на Shared, reseller хостинг пакети, обнова на домен - Пред истекот на уплатениот период УХост ќе ви испрати е-маил известување во врска со обнова на услугите. Доколку од било која причина сакате да ја откажете нашата услуга должни сте да не известите за тоа најмалку 7 дена пред истекот на услугата. Доколку не не известите а сакате да ја откажете услугата но времето за откажување е изминато тогаш должни сте да се изврши уплата за нејзино продолжување. Уплатата за обнова на услугата се врши пред истекот на уплатениот период. Уплатата за обнова може да ја извршите до или на самиот ден кога истекува услугата. Доколку во наведениот период не се изврши уплата услугата ќе биде откажана/деактивирана а податоците избришани.

21. Обнова за VPS, Dedicated сервери - Дедицираните и Виртиелните сервери се откажуваат со испраќање на маил од официјалната е-маил адреса наведена како маил за контакт. Барањето за откажување мора да се испрати 15 дена пред истекот на датата на услугата во спротивно мора да се изврши уплата за наредниот месец. За обнова на Дедицираните и Виртуелните сервери постојат строги правила. Уплатата е во принцип на припејд со тоа што клиентот е должен да изврши уплата најдоцна два дена пред истекот за уплатениот период или пред датата за истек на услугата. Доколку во предвидениот период не пристигне уплата серверот автоматски се деактивира како и сите податоци на него се бришат. Ухост во никој случај нема да го сметате за одгововрен заради деактивирање на серверот ако причината е неплатена сметка.

22. Техничка поддршка - УХост на своите клиенти им нуди техничка поддршка 24 часа во денот 7 дена во неделата. Техничкиот оддел можете да го контактирате на маил, телефон, skype, MSN или пак преку online системот поставен на нашиот сајт. Сите наши контакт информации може да ги погледнете на следниот линк: http://uhost.mk/kontakt
техничка поддршка за shared и reseller акаунти - Техничкиот оддел на Ухост не е должен да интервенира доколку клиентот пријави проблем поврзан со кодот на сајтот хостиран на серверот, ќе интервенира доколку се пријават проблеми поврзани од серверска природа.
техничка поддршка за ВПС и Дедицирани акаунти – Доколку клиентот има нарачано само ВПС сервер или Дедициран сервер без менаџмент тогаш истиот добива само root, SSH пристап и е должен самиот да го инсталира конфигурира серверот според потребите на апликацијата/сајтот што ќе бидат хостирани на тој сервер. Без менаџмент УХост е должен само да реагира на проблеми поврзани со хардеверот и мрежата.
За нарачан ВПС или Дедициран сервер со вклучен менаџмент клиентот добива поддршка за инсталација, конфигурација, оптимизација на серверот, инсталација на контролен панел, Apache, Nginx, MySql….. УХост може во одредени ситуации да помогне но не гарантира за решавање на проблеми поврзани со самиот сајт или апликацијата хостирана на серверот нарачан од УХост. При нарачката клиентот е запознает со ресурсите кои ги нуди серверот, доколку дојде до искористување на ресурсите заради преоптеретување клиентот нема да го смета УХост виновен за недостапноста на сајтот или апликацијата. Должен е истиот да поработи на проблемот и да го реши истиот, техничарите може да помогнат при решавање на проблемот но истите не гарантираат за соодветно решение.

23. Измени - УХост има правото да ги измени, додаде, избриши одредени одредби од условите за користење без за тоа да бидат известени корисниците. Доколку се променат условите корисникот треба да ги прифати новите услови или пак да се придржува на претходните се додека не истече уплатениот период. УХост без да ги извести корисниците може да ги суспендира, исклучи или ги ограничи корисниците кои нема да се придржуваат кон условите за користење или некои од законите. Ухост може да изврши промена на цените на услугите за обнова и регистрација без претходно известување.